Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети и при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин.
„Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената. Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од осум дена“, информира МВР.