сабота, 27 јули 2024

Го фатиле на Табановце со фалсификувана словачка дозвола

Против прилепчанец е поднесена кривична пријава затоа што набавил фалсификувана словачка возачка дозвола на негово име, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против З.А.(44) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа. Пријавениот набавил фалсификувана словачка возачка дозвола на негово име и ја дал на увид при пасошка контрола на Граничен премин Табановце, каде што од полициски службеници било констатирано дека е фалсификат“, посочуваат од МВР. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ