сабота, 19 октомври 2024
Во битолското село Кременица

Го фатиле додека палел оган кај фабрика, по што настанал пожар

Во битолското село Кременица синоќа во 19.20 часот полициски службеници од полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(27) од село Кременица. МВР денеска соопшти дека тој бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.

Објавено на

часот

Сподели

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.

„При преглед кај И.Т. била пронајдена запалка со која го предизвикал пожарот. И.Т. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ