Група француски земјоделци, гневни поради трошоците, бирократијата и „зелените“ регулативи упаднаа на саемот на земјоделци во Париз пред планираната посета на претседателот Емануел Макрон.
Соочени со десетици полицајци на саемот, земјоделците извикуваа и свиркаа, повикувајќи на оставка од францускиот претседател употребувајќи вулгарности.
„Ова е нашиот дом!“, извикуваа тие додека француските полицајци се обидуваа да ги спречат демонстрациите.
Дошло и до судир со полицијата, по што се уапсени неколку лица, изјави сведок на Ројтерс, пренесува Гардијан.
Macron a osé. Déployer les CRS et gazer les #AgriculteursEnColere et les animaux du #salonAgriculture.
La violence étatique et l’utilisation des gaz lacrymogènes en plein milieu du pavillon des animaux est une honte !
pic.twitter.com/grUh5nD1bQ— Patriote-Insoumis 🇫🇷 (@BenBrigitologue) February 24, 2024
Макрон се сретна со претставниците на синдикатот на земјоделците, а потоа требаше да одржи дебата на саемот со земјоделци, преработувачи на храна и претставници на трговски синџири, но таа беше откажана откако синдикатите на земјоделци рекоа дека нема да се појават, пренесува Ројтерс.
Земјоделците протестираат низ Европа, повикувајќи на подобри приходи, помала бирократија осудувајќи ја нелојалната конкуренција од евтината увозна стока.
„Ова го велам за сите земјоделци – не помагате на ниту еден ваш колега со рушење на тезгите, не му помагате на ниту еден од вашите колеги со тоа што го оневозможувате саемот, тоа на некој начин ги плаши семејствата да дојдат“, изјави Макрон за новинарите по состанокот со лидерите на синдикатот.
Саемот на земјоделците во Париз е голем настан во Франција, привлекувајќи околу 600.000 посетители во текот на девет дена.
Француските земјоделци ги откажаа протестите на почетокот на овој месец, кои вклучуваа блокирање на автопатиштата и фрлање ѓубриво пред јавните згради, откако премиерот Габриел Атал вети нови мерки во вредност од 400 милиони евра.
Сепак, тие продолжија оваа недела да вршат притисок врз владата да обезбеди поголема помош и да ги исполни своите ветувања.