сабота, 27 јули 2024

Глупав избор на филмови

Објавено на

часот

Сподели

Џорџ Клуни смета дека имал среќа што повеќето филмови со кои не се гордее ги снимил мошне рано во својата професионална кариера, бидејќи малкумина се сеќаваат на „утките“ во кои глумел.
Тој изјави: „Дефинитивно имав голем број утки и глупави одлуки во кариерата, повеќето во почетокот. Јас сум еден од среќните бидејќи грешките ги правев рано, кога никој не внимаваше на мене. Имам неколку ужасни ТВ-серии во кои глумев очајно, но никој не забележа“.
50-годишниот актер призна и дека во моментов ужива во пишување сценарија и режирање бидејќи се чувствува покреативно и сака да го извлече максимумот од дадената ситуација.
Во интервјуто за весникот Дејли телеграф тој вели: „Имам по некој успех како сценарист и режисер и среќен сум поради тоа. Неизмерно е покреативно од само глумење и јас имам што да кажам и да направам. Се чувствувам како татко ми да ми ги дал клучевите од автомобилот и свесен сум дека во одреден момент ќе ми ги земе, па сакам да извозам колку можам повеќе“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ