сабота, 27 јули 2024

Глобалните корпорации заработиле милијарди во Русија

Објавено на

часот

Сподели

По инвазијата на Русија на Украина во февруари 2022 десетици меѓународни компании се повлекоа од Русија за да ја зачуваат својата репутација или да го заштитат своето работење, но оние кои останале заработиле десетици милијарди и му платиле на Кремљ милијарди како данок.

Според податоците наведени во извештајот глобалните корпорации заработиле 214 милијарди долари преку зделки во Русија и на Москва ѝ платиле 3,5 милијарди данок.

Меѓутоа, Политико наведува дека тие бројки се само „врвот на сантата мраз и веројатно се значително потценети“, бидејќи не ги вклучуваат даноците на платите на вработените ниту данокот на додадена вредност.

Големата заработка доаѓа и покрај напорите на Европската Унија и Соединетите Американски Држави да ги ограничат приходите на Кремљ со усвојување цел куп санкции од почетокот на војната.

Додека повеќе приходи се на американски компании, фирми со седиште во ЕУ исто така заработиле околу 75 милијарди долари во 2022, плаќајќи ѝ на руската влада 600 милиони долари во даноци. Во извештајот се наведува дека Русија тие пари ги користи за да ја финансира војната, пренесува Политико.

„Новите податоци покажуваат дека работењето во Русија било исклучително вносно за неколку компании кои одлучиле да останат“, се наведува во извештајот. „Особено се загрижувачки размерите во кои овие компании плаќаат милијарди долари данок на профит на Кремљ додека (рускиот претседател Владимир) Путин води ужасна војна во Украина“.

Во извештајот се наведува дека најголемиот профит минатата година го остварила компанијата Филип Морис во износ од 7,9 милијарди долари. Компанијата Даноне во Русија минатата година заработила околу 3 милијарди долари, се наведува. Се додава и дека компанијата Пепси во Русија остварила профит од 4,6 милијарди долари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ