петок, 19 април 2024

Глобал фајнанс: Комерцијална банка е Најдобра банка за 2024 во Македонија

За „Најдобра банка во Северна Македонија за 2024 година“ е прогласена Комерцијална банка. Угледниот магазин Глобал фајнанс (Global Finance) по 13-ти пат ѝ го додели престижното признание на Комерцијална банка затоа што ја препозна како банка која им обезбедува на клиентите широка понуда на производи и услуги и иновации кои значат бенефит и задоволство за нив.

 

Објавено на

часот

Сподели

И во услови на динамични промени и новитети во сегментот на банкарската индустрија, Комерцијална банка успеа да одржи брз чекор со дигиталните трендови и иновации и на најефикасен начин да ги задоволи потребите на клиентите.

Горда на своите постигнувања, Комерцијална банка ја смета оваа награда за уште едно врвно признание за успешното работење и одличните финансиски резултати. Со оваа награда Комерцијална банка повторно се вброи во друштвото на најдобрите банки во над 150 држави во светот, избрани во рамките на 31-то издание на годишните награди на Global Finance.

За менаџментот и за вработените во Банката наградата „Најдобра банка во Северна Македонија за 2024 година“ е уште еден мотив плус да продолжат со следење на деловниот модел кој гарантира заеднички успех и просперитет.

„Континуираната посветеност на задоволството и корисничкото искуство на клиентите, силните финансиски перформанси и исклучителниот придонес за заедницата се она што нѐ радува и нѐ мотивира секој ден да продолжиме кон уште поголеми достигнувања и подобри резултати. Не недостигаат новите предизвици затоа што дигитализацијата и иновациите во финансискиот свет се трендовите кои будно и динамично ги следиме. Во името на Управниот одбор упатувам благодарност до почитуваното стручно жири на Global Finance што ги препозна и награди целокупните резултати на Комерцијална банка“, изјави по повод наградата Хари Костов, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Комерцијална банка.

Според Global Finance, традиционално победници се банките кои внимателно ги следеле потребите на клиентите, постигнале силни резултати и управувале со своите средства и обврски на разумен начин во услови на брзо менливи каматни стапки.

„Банкарството достигна уште еден пресвртен момент со дебито на генеративната вештачка интелигенција, која ветува дека ќе ја преобрази индустриската игра. Во ова променливо опкружување, наградите за најдобра банка ги препознаваат финансиските институции кои нудат најширок опсег на услуги, долгорочна доверливост и технолошки иновации“, изјави Џозеф Д. Џиарапуто, издавач и уреднички директор на Global Finance.

Остварените резултати на банките ги оценуваат извршни финансиски директори, банкари, банкарски консултанти и аналитичари од целиот свет. Клучни објективни критериуми за оценување се раст на актива, профитабилност, географски опсег, стратешки односи, нов бизнис развој и иновации во производи. Дополнително, во оценувањето се применуваат и субјективни критериуми кои ги вклучуваат мислењата на истакнати аналитичари на капитал и кредитен рејтинг, банкарски консултанти и на останати експерти од финансиската индустрија.

Магазинот Global Finance е основан во 1987 година во Њујорк и има 50.000 читатели од 193 земји, а особено е профилиран во корпоративниот и финансискиот свет. Вообичаено избира најдобри банки и останати финансиски институции, а доделените награди се сметаат за стандард за извонредност од страна на меѓународната финансиска заедница.

Комерцијална банка е горда што во последните пет години редовно е добитник на признание за најдобра банка во земјава од страна на угледни меѓународни магазини, како што се The Banker, Euromoney и Global Finance. Тие се признание за лидерството и успехот што го покажува Банката во сите сегменти од своето работење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ