вторник, 21 јануари 2025

„Гледна точка“ на Јани Бојаџи премиерно пред читачката публика во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија вечерва ќе биде промовирана книгата „Гледна точка“ на македонскиот режисер, продуцент и сценарист Јани Бојаџи.

Објавено на

часот

Сподели

„Книгата ‘Гледна точка’ навидум зборува за работи за кои зборуваат, повеќе или помалку, на овој или оној начин, и сите многубројни учебници по режија и слични прирачници: основите на филмската режија, работата на режисерот, соработката со кинематограферот, со продуцентите, актерите итн. Но, она што ја прави оваа книга посебна, специфична, е тоа што таа е сосема лично видување на авторот на сите овие процеси, кое произлегува од неговото образование и досегашното работно искуство на филмот и телевизијата. Оттаму, и јазикот на книгата е искрен, отворен и авторот без задршки, храбро, анализира многубројни теми кои влегуваат во неговиот фокус, изнесувајќи сосема лични ставови и констатации. Оттаму, не случајно и книгата завршува со ставот на авторот: ‘Ова е мојата гледна точка!’, наведува д-р Атанас Чуповски во рецензијaта.

Водител на настанот ќе биде Александар Русјаков, а искуства ќе споделат и неколку актери, директори на фотографија и монтажери, соработници на Бојаџи.

Авторот најавува и специјално изненадување за сите кои ќе дојдат на промоцијата и ќе бидат дел од забавата. Ќе биде покажан трејлер од долгочекуваниот нов проект „Утре наутро“!

Јани Бојаџи е македонски режисер, продуцент и сценарист, кој зад себе има повеќе од десетици филмски и телевизиски проекти. Тој е доктор на науки, професор по филмска и телевизиска режија на Интернационален Универзитет Europa PRIMA, а од 2019 година е директор на Телевизија Алфа. Во 2013 година, се вработил во Канал 5, каде бил режисер, сценарист и извршен продуцент на серијалот „Македонски народни приказни“ и играни и документарни филмови, каде работел до 2017 година. Во март 2023 година, Бојаџи станува основач на платформата „Кинемое” која е наменета за македонска продукција за филмови и серии. Директор е на Фестивалот „Преку езерото“, што од 2023 година се одржува еднаш годишно во Дојран. Има напишано повеќе од 50 колумни за весникот „Нова Македонија“, за театар и филм.

Книгата „Гледна точка“ може да се купи во книжарницата „Или-или“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ