сабота, 27 јули 2024

Главниот руски разузнавач: Вашингтон ги известува џихадистите во Сирија за движењето на руските сили

Соединетите Американски држави им пренесуваат на џихадистите информации за локациите и рутите на движење на сириската армија и руските војници во Сирија, изјави директорот на Надворешноразузнавачката служба на Русија Сергеј Наришкин.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај тоа, според него, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден има цел да ја наруши позитивната динамика која се создава во и околу Сирија.

„Штом во некој „проблематичен“ регион забележат знаци на нормализација, Англосаксонците ги интензивираат контактите со локалните терористи и екстремисти. Сирија е очигледен пример“, оцени Наришкин.

Тој објасни дека Вашингтон за таа цел ја засилува поддршката на екстремистичките курдски и арапски формации, лојални на САД.

Наришкин додаде и дека Франција активно ги поддржува Соединетите Американски Држави и Британија во дестабилизацијата на ситуацијата во клучни светски региони.

„Главниот акцент на Вашингтон и Лондон е целена дестабилизација на ситуацијата во клучни региони и создавањето оперативно-тактички коалиции околу нив под контрола на Англосаксонците. Во реализацијата на тој деструктивен курс активно ги поддржува Париз, кој исклучително тешко го поднесува губењето на влијанието во Африка“, истакна Наришкин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ