среда, 23 октомври 2024

Главниот обвинител на Венецуела отвора истрага против лидерите на опозицијата, ги повикуваа оружените сили да се свртат против претседателот

Главниот обвинител на Венецуела Тарек Вилијам Саб најави отворање кривична истраха против опозициските лидери Едмунд Гонзалес и Марија Корина Мачадо поради нивните повици до оружените сили да му откажат послушност на претседателот на Венецуела Николас Мадуро и да „престанат со репресијата врз демонстрантите“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Саб кажа дека Гонзалес и Мачадо „лажно се прогласија за победници на претседателските избори“ и дека станува збор за кандидат кого за победник не го прогласил Националниот изборен совет, кој е единствениот со надлежност тоа да го направи.

Обвинителот додаде дека тие двајца отворено поттикнуваа полициски и воени функционери да не го почитуваат законот.

Според него, Гонзалес и Мачадо извршиле и други кривични дела, вклучувајќи узурпација на функција и ширење лажни информации со цел предизвикување страв и заговор.

Гонзалес и Мачадо претходно во пишана порака ги повикаа припадниците на безбедносните сили на Венецуела да му откажат послушност на претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

„Апелираме на совеста на војската и полицијата да се стават на страната на народот и нивните семејства. Победивме на овие избори без каков било сомнеж. Сега треба сите ние да го почитуваме гласот на народот“, порачаа Гонзалес и Мачадо.

По изборите одржани на 28 јули, изборната комисија на Венецуела го прогласи Мадуро, кој е на власт од 2013 година, за победник со 51 отсто од гласовите, но опозицијата тврди дека е извршена кражба и дека нејзиниот кандидат Гонзалес победил со 6 отсто од гласовите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ