сабота, 27 јули 2024

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд ги отфрли обвинувањата дека го поистоветува Израел со Хамас

Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, ги отфрли како бесмислици обвинувањата дека ги поистоветува акциите на Израел и Хамас со барањата за издавање налози за апсење на лидерите на Израел и палестинската исламистичка организација.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Не велам дека Израел со својата демократија и врховен суд е поврзан со Хамас, се разбира дека не. Не може да биде појасно дека Израел има право да го брани своето население и да ги ослободи заложниците. Но, никој нема дозвола да врши воени злосторства и злосторства против човештвото. Средствата нè дефинираат“, изјави Кан за Сандеј тајмс, во своето прво интервју откако најави дека ќе бара налог за апсење на израелскиот премиер и министерот за одбрана, како и за тројца лидери на Хамас.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд рече дека го дал примерот на Велика Британија и Ирската републиканска армија (ИРА), кога израелски функционер го прашал како треба да се лоцираат заложниците.

„Имаше обиди за атентат врз Маргарет Тачер, Ари Нив, британскиот пратеник беше кренат во воздух, лорд Маунтбатен беше разнесен, Но, Британците не решија да кажат – во Фолс Стрит (срцето на католичкиот Белфаст) несомнено може да има членови на ИРА и симпатизери на републиканците, па ајде да фрлиме бомба од 900 килограми на таа улица. Не можете да го направите тоа“, рече Кан.

Британскиот весник објави дека Кан носи сина нараквица на која пишува „донесете ги дома“ во повик за враќање на заложниците, заедно со лична ознака посветена на најмладиот заложник Кфир Бибас.

„Тоа би скршило сечие срце. Кфир имаше само девет месеци. Но, нема монопол на страдањето. Таму умираат палестински бебиња и не можеме да имаме двојни стандарди“, рече Кан, оценувајќи дека одговорноста на светот е, доколку се распишат налози за апсење, да ги исполни.

„Доколку државите не се вклучат, тоа има големи последици. МКС е нивно дете, јас сум само дадилка или ангажирана помош. Тие имаат одговорност да се грижат за тоа дете, или да одговараат што го напуштаат“, заклучи главниот обвинител на МКС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ