сабота, 27 јули 2024

Главна награда за „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски на филмски фестивал во Норвешка

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски ја освои главната награда „Аурора“ на Меѓународниот филмски фестивал во Тромсе, Норвешка, кој се одржа од 15 до 21 јануари. По овој успех следува и американската кинопремиера на 26 јануари.

Објавено на

часот

Сподели

„Домаќинство за почетници“ е третиот филм, а прв македонски на македонско-австралискиот автор Горан Столевски. Лани на 6 септември филмот ја имаше светската премиера на 80. Филмски фестивал во Венеција во програмата „Хоризонти“, при што доби одлични рецензии и ја освои една од паралелните награди „Квир лав“. Беше и македонскиот кандидат за „Оскар“, но не влезе во потесната листа за номинација.

Главните улоги ги играат Анамариа Маринка и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредни улоги се македонските актерки Сара Климоска и Ајше Усеини и Розафа Челај од Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ