вторник, 10 декември 2024

Гласови и вкусови: Ангела Џоровска – најубава комшика

Објавено на

часот

Сподели

Со 169 гласа, во тесно водство пред Емилија Розман (160 гласа), Ангела Џоровска е најубавата девојка од соседството на изборот на МКД.МК.

Трета според вашите гласови и вкусови е Наташа Стевановска (114 гласа). Сепак, сите 13 девојки што ви ги претставивме се добитнички, во секоја позитивна смисла на зборот.

Ангела Џоровска е задоволна од изборот и од гласовите, иако ова не ѝ е прв избор на кој учествувала. За разлика од другите избори (за убавина), нашиов беше спонтан, пролетен и некласичен.

Ангела е член на модното студио „Црнокрак“, учествувала на повеќе ревии, но и на „Мис фридм“ (Miss freedom od the world), кој се одржал во Приштина и кој ѝ донел многу успех.

Девојките предложени во вашиот избор беа секоја за себе сериозна конкуренција, сметајќи и на нивните карактеристики, црти на личноста, способности… Сепак, најконкурентна ми беше Емилија Розман, со која ме двоеја само неколку гласа разлика“, ни рече Ангела.

Ангела Џоровска има 18 години, учи во средното медицинско училиште, а во манекенските води е од хоби. Добрата форма ја одржува играјќи одбојка. И уште нешто: таа е вистински украс на комшилакот во цело Ѓорче Петров, населбата во која живее.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ