сабота, 27 јули 2024
Ангел Наков

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Глас на обичниот граѓанин  (4)

1.

Живееме во време кога пациентите во лудницата, се доктори, а докторите се пациенти. Примери на секое ниво и во секоја дејност во државата Македонија. Трагедијата е во тоа што на највисоко ниво, се најлудите пациенти. Оваа состојба некој ден ќе се смени, само дотогаш сите може да полудиме.

2.

Неовластено влегување во простории на контрола на летање на група насилници, секаде во светот се третира како терористички чин. Кај нас надлежните органи  како уплашени дечиња ја префрлаат топката од една на друга институција.

Дефинитивно ДУИ и неговите кадри се таков страв и трепет за оваа власт, што македонскиот дел од владата не може ни со прст да мрдне на очигледен тероризам и криминал.

3.

Секој што верува дека Македонија може да биде држава на соживот помеѓу Албанците и Македонците е птица која се вика ној (ostrich). Секој што мисли дека Албанците работат за добробит на нашата држава Македонија, длабоко ја закопал главата во песокот. Тоа се ноевите. Но има Македонци, на кои главата наместо во песок им е закопана во торба со бакшиш.

Овие вториве се тие што може да ја уништат Македонија, ако не бидат спречени на време.

4.

Дојде време да се потсетиме на една голема мудрост: Светот нема да го  уништат тие што прават лошо, туку тие што ги гледаат без да направат ништо.

Оваа важи и за Македонија.

5.

Најголемата гласачка сила во Македонија се НЕЗАДОВОЛНИТЕ, кои се над 60 % од вкупниот број на гласачи. Политичарите нив ги третираат како да се  заспани овци. Многу погрешна проценка. Тоа се заспаните лавови.

Како што ја тераат работата нашите политичари, чаршијата збори дека лавовите ќе се разбудат.

  Ангел Наков

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ