Инаку, вакви мачки како домашни миленици најчесто поседуваат богати луѓе и за нив се симбол на престиж. Мачките „савана“ се љубопитни, весели и многу интелигентни. Долгото, витко тело со различни бои и нијанси на кафена, златна и сива, како и егзотичниот изглед на очите во облик на „бумеранг“, ја прават оваа мачка – најскапата на светот.
Ваква мачка, имено, чини од 1.000 до 20.000 долари.
„Савана“ мачката брзо се врзува за семејството и со малку труд може да научи разни „трикови“… Важи за питомо животно, кое сака повеќе вода.
За да може да се добие ваква мачка, со вкрстување два различни вида, не е ниту лесно, ниту евтино. Затоа овие мачки се исклучително ретки и скапи, па и чувањето такво милениче е своевиден статусен симбол.