недела, 14 април 2024

Ѓуровски: Полска нѐ потцени, ние ја спроведовме нашата тактика и победивме

Стојан Ѓуровски беше еден од впечатливите поединци на Македонија во вчерашната победа над Полска, тој смета дека овој триумф треба да биде само почеток на подобри денови за кошарката.

Објавено на

часот

Сподели

Македонија вчера направи изненадување откако со 96-71 ја совлада Полска на нејзин терен, тоа беше игра каква ретко сме можеле да видиме од кошаркарите во изминатите неколку години.

„Влеговме максимално мотивирано во натпреварот. Знаевме од каква значење е за нас. И тоа дефинитивно ни се исплатеше. На нивната игра одговоривме со една многу поголема агресивност. Мислам дека можеби малку и нè потценија. Се одлучивме помалку и да ризикуваме со нивниот шут од далечина, во прв ред на Балцеровски, и тоа на крајот и се исплатеше“, вели Ѓуровски.

„Сепак, сметам дека енергијата беше клучен фактор за победата на овој натпревар. Погодивме доста шутеви од далечина. И дека поголем дел од репрезентативците одиграа феноменално. Нено нè предводеше, и не само што погоди доста, и комплетираше висока бројка на поени, туку нè разигра и нас останатите. И мислам дека на крилјата на оваа победа треба да продолжиме да се надградуваме како тим. Можеби лош момент е победата на Естонија против Литванија. Меѓутоа тоа не значи ништо за нас. Следна на ред ни е репрезентацијата на Литванија, за која лично сметам дека можеме да ја победиме во Скопје. Има уште многу да се игра во овие квалификации,и ќе се потрудиме да победиме на што повеќе натпревари. Ова во Полска беше само првиот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ