„Во Скопје има бројни проблеми, еден од најголемите и крупен проблем е поврзан со градскиот превоз. Една голгота што нашите граѓани ја трпат повеќе од две и пол – три години откако Арсовска е на чело на Град Скопје и сметам дека таа треба да има посериозен пристап во надминувањето на проблемот. Ова е добар потег на градот Белград што сака да подаде рака кога гледа дека град Скопје е во тотален хаос, но тоа говори за несериозниот пристап на градоначалничката и неможноста да се справи со она што значи предизвик и решавање на проблемите со градскиот превоз“, изјави Ѓорѓиевски.
Дописникот на МИА од Белград вчера извести дека Центарот за локална самоуправа (ЦЛС) соопштил дека, според извори од Градското сообраќајно претпријатие и порталот Е-капија, Белград планира да ги отстапи автобусите Соларис на Скопје и другите градови во Македонија.