понеделник, 21 октомври 2024

„Ѓорѓиев коленичеше пред министерски кабинети“, ја прокоментира Мицкоски неговата работа

Денеска Владата не расправаше за најавената промена на составот на македонскиот дел од Мешовитата историска комисија со Бугарија. Дали ќе бидат сменети сите членови или само дел од членовите на комисијата ќе се знае наскоро, бидејќи се планира работата на комисијата и нејзиниот состав да се најде на една од наредните седници на Владата.

 

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска ја прокоментира и изјавата на Драги Ѓоргиев, претседателот на македонскиот дел од комисијата дека „премиерот со своите изјави го компромитира него и работата на Комисијата“.

„Јас досега многупати сум го коментирал господинот Ѓоргиев. За жал, него никој не треба да го компромитира, бидејќи тој самиот себе си се компромитираше, коленичејќи пред министерски кабинети, наместо да си ја гледа работата, но тоа е негов избор“, рече Мицкоски.

Премиерот смета дека е неминовно да се смени нешто во работата на комисијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ