вторник, 24 декември 2024

Ѓорѓи Христов е нов технички директор во ФФМ

Поранешниот македонски напаѓач, Ѓорѓи Христов е именуван за нов технички директор во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Објавено на

часот

Сподели

Христов е уште еден од македонските легендарни фудбалери кои добија функција во ФФМ откако Масар Омерагиќ беше назначен за нов претседател.

„Функцијата технички директор во ФФМ за мене претставува чест, но истовремено и голема обврска.

Иднината на македонскиот фудбал е во младите, а тоа треба да го сфатиме во права смисла на зборот.

Знаеме на каков начин во изминатиот период беа третирани младинските селекции, а посебно академијата. Нашата намера е да го смениме тоа, фокусот да биде во младите.

Во програмата на новиот претседател на ФФМ, младинските селекции се еден од топ приоритетите. Заеднички ќе се обидеме да го реализираме тоа.

Во разговор со Омерагиќ и Пандев заклучивме дека има голема „дупка“ од таа славна генерација која се пласираше на младинското Европско првенство и мора да се обидеме да го промениме тоа.

Едукацијата на тренерскиот кадар и логистиката околу младинските селекции ќе трпи големи промени, а тоа ќе ни донесе резутат во иднина. Во тоа сум сигурен”, рече Ѓорѓи Христов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ