понеделник, 21 октомври 2024

Ѓоргиев: Кадровските промени во комисијата ќе го продлабочат јазот со Бугарија

На политичко ниво се заострени односите и во овој случај тоа многу силно ќе се отслика и во самата комисија. Лично мислам дека нема да бидат во корист на решавање на ситуацијата со оглед на тоа како се сфаќа работата на комисијата, односно дека тоа е условно речено војна меѓу Бугарија и Македонија за националниот идентитет, вели во изјавата за Локално.мк Драги Ѓорѓиев, копретседателот на Заедничката македонско-бугарска мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

 

Објавено на

часот

Сподели

Тој оваа изјава ја дава по најавата на премиерот Христијан Мицкоски  дека наскоро ќе биде променет составот на членовите од македонскиот дел на комисијата. Мицкоски рече дека актуелниот состав на мешовитата комисија не ги оправдала очекувањата и не била заштитник на националните интереси на македонскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ