Со сослушувањето ќе почне судскиот процес врз основа на тужбата на Ѓоргеску, кој по поништувањето на гласовите ја тужеше изборната комисија, но и претседателот Јоханис Клаус, владата и уставниот суд, тврдејќи дека станува збор за државен удар.
Сослушувањето првично беше закажано за 13 јануари следната година, но е поместено за порано.
„Деветте судии на уставниот суд на Романија, плус поранешниот претседател на Романија Клаус Јоханис, ја доведоа земјата во хаос. Станува збор за оние кои според правото треба да го бранат владеењето на правото и уставот, а само ја бранат корупцијата“, кажа Ѓоргеску по поднесувањето на тужбата.
Кога во првиот круг на изборите во Романија победи независниот кандидат Калин Ѓоргеску, чии ставови не одговараат со мислењето на Западот, беше означен како руски човек и почнаа притисоците да се поништи неговиот успех. Уставниот суд најпрво го прифати, па потоа на 6 декември, два дена пред вториот круг, ги поништи резултатите на првиот и целиот изборен процес ќе се повтори. На Јоханис му е продолжен мандатот, а се чека датумот за новото гласање кој треба да го одреди владата.
Се шпекулира дека Калин Ѓоргеску може нема да може повторно да се кандидира, бидејќи се води истрага како дошол до гласовите, а сомнежот е насочен на Тикток. Прозападните партии формираа блок и најавија дека ќе имаат заеднички, нов кандидат на повтореното гласање.