„Тоа е природен и апсолутно неопходен чекор за одбрана на основните права на господинот Калин Ѓоргеску, независен кандидат, како и на сите романски граѓани кои заслужуваат фер и транспарентен изборен процес“, кажа неговата адвокатка Марија Василиј.
Во своето барање Ѓоргеску од Европскиот суд за човекови права бара да ја примора романската држава да го продолжи изборниот процес, почитувајќи ги резултатите од првиот круг, во кој тој и Елена Ласкони освоија најмногу гласови и требаше да одат во втор круг, но романскиот уставен суд на 6 декември донесе одлука за поништување на првиот круг на претседателските избори.
Ѓоргеску од Европскиот суд за човекови права бара владата на Романија да се обврзе да го продолжи изборниот процес, почитувајќи ги резултатите од првиот круг на изборите, и да организира втор круг на претседателските избори.
Тој од европскиот суд побарал да „донесе пресуда за предметот по брза постапка“. Според одговорот на Европскиот суд за човекови права, барањето на Калин Ѓоргеску ќе биде разгледано „што е можно побрзо, во текот на јануари 2025 година“.
Романскиот уставен суд ги поништи резултатите на првиот круг на претседателските избори само два дена пред да биде одржан вториот круг.
Судот наведе дека одлуката ја донел „за да обезбеди правилност и законитост на изборниот процес“.