сабота, 27 јули 2024

Ѓорге Иванов на Глобалниот форум во Баку

Поранешниот претседател на Македонија Ѓорге Иванов учествуваше на 11-от Глобален форум во Баку. Од 14 до 16 март во Азербејџан се одржа Глобален Баку Форум во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Поправање на скршениот свет“.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на форумот, претседателот Иванов оствари средба со заменик генералниот секретар на ОН и висок претставник на Алијансата на цивилизации Мигуел Ангел Моратинос, со кој разговараа за можностите за соработка и перспективите на Македонија и регионот во глобалната мрежа на Алијансата на цивилизациите. Претседателот Иванов имаше можност да се сретне и размени мислења со своите колеги и учесниците на форумот меѓу кои беа поранешни претседатели, премиери, министри од целиот свет, високи претставници на меѓународни организации и други.
Меѓународниот центар Низами Ганџави оваа година, на Глобалниот форум во Баку, отвори повеќе интересни и актуелни глобални теми за високите учесници меѓу кои: војната Израел-Хамас и нејзините импликации на Блискиот Исток, враќањето на „Realpolitik“, глобалното владеење и Самитот на иднината, кои цели може да се постават за COP29, климатската правда, улогата на регионалните воени и економски сојузи, регионалните перспективи на ЕУ и нејзините соседи, градењето отпорност на глобалните предизвици: справување со нееднаквоста, недостигот на ресурси и миграцијата, новата безбедносна парадигма во ерата на вештачката интелигенција и други.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ