сабота, 27 јули 2024

Ѓорческа загуби од втората носителка во Шпанија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа загуби од Катарина Синиакова од Чешка и го заврши настапот на турнирот во шпанскиот град Лиеда.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа беше Челинџер 125 турнир со награден фонд од 100.000 евра, а противничката на Лина, Катарина Синаикова е на високото 40. место на ВТА листата.

Македонската тенисерка беше немоќна против Синаикова и загуби во два сета со 6-2 и 6-2.

Ѓорческа за пласманот во второто коло на турнирот ќе освои 15 поени и заработка од 1.740 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ