вторник, 28 мај 2024

Ѓорческа во четвртфиналето го заврши настапот во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа да направи уште едно изненадување и да се пласира меѓу најдобрите четири на фјучрс турнирот во Трнава, Словачка.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа во денешното четвртфинале загуби од Словенката, Вероника Ерјавец која е осма носителка на турнирот.

Словенечката тенисерка релативно лесно го доби мечот против Ѓорческа со 6-3 и 6-4. Дуелот траеше час и половина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ