сабота, 27 јули 2024

Ѓорческа со убедлива победа го почна турнирот во Ларнака

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со само два загубени гејма ја мина првата пречка на турнирот во Ларнака, Кипар.

Објавено на

часот

Сподели

Лина Ѓорческа со 6-1 и 6-1 ја победи домашната тенисерка Марија Сиопача и се пласираше во следното коло од турнирот кој се игра во Ларнака, Кипар за награден фонд од 25.000 долари.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу Италијанката, Паолети и Французинката Јаничијевиќ која е осма носителка на турнирот.

Ѓорческа на овој турнир настапува и во двојки со Лола Радивојевиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ