сабота, 27 јули 2024

Ѓорческа се сопна на втората пречка во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се сопна на втората пречка на ИТФ фјучрс турнирот кој се игра во Трнава, Словачка за награден фонд од 40.000 долари.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа денеска во второто коло беше поразена од 18-годишната тенисерка од Филипини, Александра Еала со 2-0 во сетови.

Филипинката која е 180. место во светот го доби првиот сет со 6-4, а во вториот беше подобра од Ѓорческа со 6-2. Мечот траеше 85 минути.

За следната ндела Ѓорческа е пријавена за настап на уште еден турнир во Трнава, овојпат од рангот W75, за кој ќе треба да игра и квалификации.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ