Французинката која е 153. на ВТА листата и четврта носителка на турнирот во Марибор беше фаворитка во денешната пресметка, но Ѓорческа успеа да направи изненадување и да победи.
Лина го доби првиот сет со 6-4, а следниот ѝ припадна на Поке со 6-2. Во третиот решавачки сет се играше тајбрејк кој го доби Ѓорческа со 11-9.
Мечот траеше два часа и 37 минути.
Ѓорческа во моментов е на 294. место на ВТА листата, денешната победа ќе ѝ донесе напредок.
Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против Грузијката Мариам Болквадѕе со која е партнерка на турнирот во двојки.