понеделник, 20 мај 2024

Ѓорческа ја победи првата носителка на турнирот во Трнава

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа направи одличен резултат откако ја совлада првата носителка, Маи Хонтама на ИТФ фјучрсот во Трнава, Словачка.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа беше меч од второто коло, Ѓорческа со убедливи 2-0 во сетови, 6-3 и 6-1 ја победи јапонската тенисерка, која е на 115 место на ВТА листата, за речиси 100 позиции понапред од Лина.

Утре, во осминафиналето Ѓорческа ќе игра против осмата носителка, Вероника Ерјавец од Словенија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ