сабота, 27 јули 2024

Ѓорческа ја дозна противничката за првото коло од квалификациите на Ролан Гарос

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа во текот на следната сезона ќе биде дел од квалификациите за настап на главниот турнир на Ролан Гарос.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска се одржа ждрепката за квалификациите, а Ѓорческа за противничка ја доби француската тенисерка Марго Рувруа.

Рувруа има 23.години и се наоѓа на 277.место на ВТА листата и во квалификациите настапува со вајлд карта. Нејзиниот најдобар пласман во кариерата е на 231.то место остварен на 15.јаниари 2024 година.

Мечот меѓу Лина Ѓорческа и домашната тенисерка Рувруа се игра во вторник.

Ова е втор настап на Грен слем турнир оваа година за Ѓорческа откако претходно беше дел од квалификациите на Австралија Опен во Мелбурн.

Лина веќе неколку дена е во Париз каде се подготвува за турнирот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ