Ѓорческа ја победи домашната тенисерка Мелинда Биро со 2-0 во сетови. Македонската загуби само три гејма, беше 6-3 и 6-0.
Турнирот се игра во сала на земјена подлога и е за нагарден фонд од 60.000 долари. Ѓорческа е рангирана како втора носителка на квалификацискиот турнир.
Македонската тенисерка има уште еден меч до пласман на главниот турнир.
Ивановски беше подобар од Макс Батјутенко од Казахстан со 2-0 во сетови, 7-6(2) и 6-2.
Ивановски во второто квалификациско коло ќе игра против Марко Николиќ од Србија.