недела, 20 октомври 2024

Ѓорческа елиминирана во четвртфиналето во Анталија

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа го заврши настапот на ИТФ фјучрс турнирот во Анталија откако беше елиминирана во четвртфиналето.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорческа беше поразена од хрватската тенисерка Тара Вирт со 2-1 во сетови, мечот траеше речиси два часа.

Вирт го доби првиот сет со 6-3, вториот ѝ припадна на Ѓорческа со 6-4. Третиот решавачки сет го доби Хрватката со убедливи 6-1.

Лина Ѓорческа од понеделник почнува нов настап на турнир во Анталија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ