петок, 18 октомври 2024

Ѓоковиќ за допинг скандалот со Синер: Ги сфаќам тенисерите кои се жалат за нееднаквост!

Не стивнуваат реакциите во јавноста по веста дека Јаник Синер двапати бил позитивен на допинг тест но не доби суспензија, денеска се огласи и Новак Ѓоковиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Синер во март оваа година имал два позитивни теста, бил позитивен на клостебол, но неговата жалба била прифатена па не доби суспензија.

За разлика од него, никој од претходните тенисери кои беа суспендирани не беа помилувани, па меѓу играчите имаше бура од реакции кои се пожалија на двоен аршин.

Сега и Новак Ѓоковиќ прокоментира на оваа тема, за време на прес-конференција на УС Опен тој беше прашан што мисли за овој случај.

„Ја разбирам фрустрацијата на играчите поради недостаток на конзистентност во одлуките. Гледаме дека има недостаток на стандардни и јасни протоколи. Можам да ги разберам чувствата на многу тенисери кои се сомневаат дека се третираат различно“, изјави Ѓоковиќ.

„Се надевам дека раководните лица во тенисот ќе научат нешто од ова, јасно е дека мора да има промени. Некои имаа слични случаи или исти случаи со различен исход. Дали е тоа до финансиите, дали играчот можел да си дозволи поефективен бранител. Не знам дали е тоа така, но мораме да ги стандардизираме работите, така што секој играч без разлика на рангот и профилот ќе се третира подеднакво“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ