сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ: Уште не сум на највисоко ниво, одам ден за ден, го чекам следниот предизвик

Новак Ѓоковиќ во два сета го победи Лоренцо Мусети и му се реваншираше за поразот од минатата година во Монте Карло, по мечот српскиот тенисер рече дека уште не е на највисоко ниво, но го чека новиот предизвик.

Објавено на

часот

Сподели

Србинот со 2-0 (7-5, 6-3) го совлада Мусети и се пласираше во четвртфиналето од турнирот во Монте Карло.

„Имаше малку некои размени со публиката при 4-3 во првиот сет, потоа тој го спушти моментумот, играше одличен тенис, морав многу да трчам, но ова е земја, мора многу да се работи за поени“, рече Ѓоковиќ по мечот.

Тој истакна дека во еден момент во вториот сет, при водство од 1-0 и 4-2, во главата му дошла ситуација од минатиот дуел со Мусети. Тогаш Ѓоковиќ водеше со идентичен резултат и на крајот го загуби мечот.

„Уште не сум на највисоко ниво, ова беше голем тест против одличен тенисер, слични беа условите и денеска како и тогаш, сет и 4-2, па изгубив, тоа ми беше во глава, помислив ‘о не’ веројатно нема да се случи исто’. Одам ден за ден, чекам нов предизвик“, заврши Ѓоковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ