сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ со победа во три сета го почна настапот на Ролан Гарос

Новак Ѓоковиќ со очекувана победа го стартуваше настапот на Ролан Гарос, српскиот тенисер во три сета го совлада Пјер-Хуге Хербер од Франција.

Објавено на

часот

Сподели

Хербер е 142. место на АТП листата, денешниот меч му беше прв оваа сезона, но добро го изнамачи Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенсер го доби првиот сет со 6-4, во вториот се играше тај-брејк кој му припадна на Ѓоковиќ со 7-3. Во третиот сет најдобриот тенисер на светот беше подобар со 6-4 и ја комплетираше победата од 3-0 во сетови.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра против Карбаљес Баена од Шпанија кој со 3-1 го совлада Французинот, Лестиен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ