сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ првпат по девет години ќе игра полуфинале во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ во два сета го совлада Де Минор и избори пласман во полуфиналето на мастерс турнирот во Монте Карло.

Објавено на

часот

Сподели

За Ѓоковиќ ова е осмо полуфинале во Монте Карло, но првпат по девет години. Тој е и најстариот полуфиналист на овој турнир.

Ѓоковиќ со еден брејк го доби првиот сет со 7-5, но во вториот сет имаше вкупно седум брејка на двете страни, еден повеќе за Новак кој го доби сетот со 6-4 и ја комплетираше победата од 2-0.

Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од Хумберт и Руд, тоа е последниот четвртфинален меч кој се игра денеска.

Претходно Синер со 2-1 го совлада Руне, Италијанецот во полуфиналето ќе игра со Циципас кој со 2-0 беше подобар од Качанов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ