сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ посилен и од повредите, доби нов меч со пет сета за пласман во четвртфинале

Новак Ѓоковиќ се мачеше со повреда во текот на мечот, но најде сили и со пресврт го победи аргентинскиот тенисер, Франсиско Серундоло со 3-2 (6-1, 5-7, 3-6, 7-5 и 6-3).

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ одлично го почна мечот, првиот сет го доби убедливо со 6-1, но потоа почнаа проблемите.

Српскиот тенисер почувствува болка во десното колено поради што беше приморан да побара медицински тајмаут во кој доби масажа и апчиња за ублажување на болките.

Ѓоковиќ се врати, но не во своето најдобро издание, ги загуби двата сета, Серундоло го доби вториот сет со 7-5 и израмни на 1-1, а третиот со 6-3 за водство од 2-1.

Следуваше нова медицинска помош и нови апчиња за Ѓоковиќ по кои се врати многу подобар. Играше со болки, но стисна заби. Четвртиот сет го доби со 7-5 и израмни на 2-2, а во третиот беше подобар со 6-3 и дојде до победата од 3-2.

Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Фриц и Руд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ