четврток, 30 мај 2024

Ѓоковиќ поразен во полуфиналето во Монте Карло

Новак Ѓоковиќ и Каспер Руд одиграа интересен меч со пресврт кој на крајот го доби Норвежанецот со 2-1 во сетови и избори финале во Монте Карло каде ќе игра против Стефанос Циципас.

Објавено на

часот

Сподели

Руд подобро го почна мечот и го доби првиот сет со 6-4, во вториот Ѓоковиќ го крена нивото, покажа моќ и го освои сетот со убедливи 6-1 израмнувајќи на 1-1.

Новак лошо почна во третиот решавачки сет, Руд зема брејк и поведе со 3-0. Ѓоковиќ го врати брејкот и се врати во мечот израмнувајќи на 4-4. При водство на Норвежанецот од 5-4, Ѓоковиќ лошо тргна на свој сервис со 0-40, успеа да спаси две меч топки, но не и третата, Руд го доби сетот со 6-4 и ја завери победата од 2-1.

Руд во финалето ќе игра против Циципас кој со 2-1 беше подобар од Синер во првото полуфинале денеска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ