сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ поради повреда се повлече од Ролан Гарос, ќе го препушти тронот на АТП листата

Актуелниот шампион на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ се повлече од турнирот во Париз поради повреда на десното коленото. Ваквиот развој на настаните ќе го чини Србинот прво место на АТП листата.

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ и повреден успеа да направи голем кам-бек против Франсиско Серундоло и да се пласира во четврт-финале, но тука ќе заврши авантурата на Србинот на Ролан Гарос.

По денешните детални прегледи било утврдено дека популарниот Ноле го оштетил менискусот на десното колено, па е принуден да се повлече од вториот гренслем-турнир во сезоната.

Ваквиот развој на настаните ќе го чини Новак Ѓоковиќ првото место на АТЛ листата, Србинот ќе го препушти тронот на Јаник Синер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ