Ѓоковиќ не го почна најдобро мечот, го загуби првиот сет со 6-4, но во продолжението од мечот работите се променија и фаворитот релативно лесно дојде до триумф.
Вториот сет Новак го доби со 6-3, со 6-4 го зема третиот сет, а четвртиот со 6-2 за конечна победа од 3-1.
Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра со Португалецот Фариа кој со 3-0 го елиминираше Котов.