сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ: Ова беше несреќа, добар сум

Вчерашниот ден на мастерсот во Рим мина во знакот на инцидентот кој се случи по мечот на Ѓоковиќ против Муте кога српскиот тенисер беше погоден со шише во главата.

Објавено на

часот

Сподели

На едно момче кое сакаше да земе автограм од Ѓоковиќ, му испадна шишето од ранецот и го удри српскиот тенисер во глава. За среќа последици нема.

„Ви благодарам на сите за пораките. Ова беше инцидент и добар сум, одмарам во хотел со ладни облоги. Се гледаме во недела“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ