сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ: Не знам дали ќе играм во четвртфиналето

Новак Ѓоковиќ по голема борба вчера го помина Франсиск Серундол, српскиот тенисер се мачеше со повреда на коленото, но успеа да го доигра мечот и да победи.

Објавено на

часот

Сподели

На Ѓоковиќ неколкупати му беше укажувана медицинска помош, пиеше и апчиња против болка, па вели дека не е сигурен дали ќе може да го продолжи учеството на турнирот.

„Последните недели чувствувам нелагодност во десното колено, но се до овој меч немав проблеми. Проклизав неколкупати, па барав физиотерапевт и медицински тајмаут. Земав лекови, па пие и дополнителна доза лекови и по третиот сет“, вели Ѓоковиќ.

„Кога почнаа да делуваат лековите беше подобро, но тие нема да траат вечно. Морам да направам некои тестови, има работи кои ме загрижуваат. Преживеав на овој меч, но не знам дали ситуацијата е сериозна. Не знам дали ќе можам да го играм следниот меч“.

Ѓоковиќ во четвртфиналето треба да игра против Каспер Руд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ