сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ лесно го помина второто коло од Ролан Гарос, немаше проблеми ни Зверев

Новак Ѓоковиќ со убедливи 3-0 во сетови го совлада шпанскиот тенисер Карбаљез Баена и се пласираше во третото коло од Ролан Гарос, таму ќе игра и Зверев кој со 3-0 беше подобар од Гофан.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот тенисер одигра многу поубедлива партија отколку во првото коло, првиот сет го доби со 6-4, а следните два со 6-1 и 6-2.

Ѓоковиќ во следното коло го чека подобриот од дуелот меѓу Монфис и Мусети.

Александер Зверев кој е еден од главните фаворити, го совлада Гофан со 3-0. Во првиот сет се играше тајбрејк, беше 7-4, во следните идентични 6-2 и 6-2.

Зверев во следното коло ќе игра против Грикспор кој со 3-0 беше подобар од Дардери.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ