понеделник, 20 јануари 2025

Ѓоковиќ го прифати извинувањето на новинарот кој го исмеваше во Мелбурн

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го прифати извинувањето кое јавно го упати новинарот Тони Џонс и „Канал 9“, откако претходно го исмеваше по една победа на Австралијан опен.

Објавено на

часот

Сподели

Новинарот на „Канал 9“ го исмеваше Ѓоковиќ, но и српските навивачи, поради што тенисерот реши да не дава интервјуа по крајот на натпреварите.

Но, ситуацијата е надмината откако Тони Џонс и „Канал 9“ се извинија.

„Новак го прифати извинувањето кое е јавно испратено и побара повеќе да не се зборува за таа тема затоа што сака да се фокусира на следниот натпревар“, објави Тениската асоцијација на Австралија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ