четврток, 23 јануари 2025

Ѓоковиќ го откажа денешниот тренинг, неговите навивачи се во паника

Новак Ѓоковиќ утре треба да го игра полуфиналето на Австралија опен, а на ден пред мечот го откажа закажаниот тренинг.

Објавено на

часот

Сподели

Тој требаше да тренира во 14 часот по локално време (4 по средноевропско), но непосредно пред терминот, тренингот беше тргнат од распоредот. Голем број навивачи се собраа пред теренот број 16 каде Ѓоковиќ требаше да тренира, но си заминаа разочарани и во паника дека нешто сериозно се случува со нивниот миленик.

Од таборот на српскиот ас нема информација зошто дошло до откажување на тренингот, но се шпекулира дека причина е повредата што ја доживеа на мечот против Алкараз кога се пожали на болки во препоните. Тогаш успеа да го заврши дуелот и да победи, но од вторникот навечер не одржа ниеден тренинг и така ќе го дочека утрешниот меч со Зверев кој се игра во 4:30 часот по средноевропско време.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ