среда, 15 јануари 2025

Ѓоковиќ го мина второто коло на Австралија опен и урна рекорд на Федерер

Новак Ѓоковиќ утринава го совлада португалскиот тенисер Жаиме Фарија со 3-1 и се пласираше во третото коло од Австралија опен, со овој триумф сруши и рекорд на Роџер Федерер.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот тенисер сега дојде до 430 настапи на грен-слем турнирите со што стана рекорден во најмногу вакви настапи. Претходниот рекорд го држеше Федерер со 429.

Што се однесува до мечот, Новак тргна фуриозно, првиот сет го доби со 6-1, но така не беше и во вториот сет кој го загуби во тајбрејк со 7-4.

Откако се случи тоа, Ѓоковиќ повторно го крена своето ниво, ги доби наредните два сета со 6-3 и 6-2 и дојде до триумф од 3-1 во сетови.

Во третото коло Ѓоковиќ ќе се сретне со чешкиот тенисер Махач кој со 3-2 во сетови беше подобар од Опелка.

Од фаворитите ноќеска одличен настап имаше Карлос Алкараз кој загуби само пет гејма против Нишиока, го победи со 6-0, 6-1 и 6-4.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ