петок, 18 октомври 2024

Ѓоковиќ го мина Ѓере и постави уникатен рекорд

Ласло Ѓере поради повреда во третиот сет го предаде мечот со Новак Ѓоковиќ, а српскиот тенисер со оваа победа дојде до едно посебно остварување.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ ги доби првите два сета со 6-4 и 6-4, но во третиот при водство од 2-0 на Новак, Ѓере го предаде мечот поради повреда.

Ова беше 90. победа за Ѓоковиќ на УС Опен, со тоа тој стана првиот тенисер во историјата со 90+ победи на сите четири грен-слем турнири.

Во следното коло Ѓоковиќ ќе игра против австралискиот тенисер Попирин кој со 3-0 беше подобар од Шпанецот Мартинез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ