недела, 19 мај 2024

Ѓоковиќ е прогласен за најдобар спортист во светот

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ по петти пат го доби признанието Лауреус за најдобар спортист во светот.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот тенисер е прогласен за најдобар спортист за 2023 година, ова за него е петто вакво признание со кое се изедначи со Роџер Федерер. Тие двајца сега се единствените спортисти со пет вакви награди.

Конкуренција на Ѓоковиќ за наградата му беа фудбалерите Ерлинг Халанд и Лео Меси, атлетичарите Арманд Фуплантис и Ноа Лајлс и возачот во формула 1, Макс Ферстапен.

Свечената церемонија на која Ѓоковиќ ја доби наградата се одржа во Палатата на телекомуникации во Мадрид, а Србинот признанието го прими од легендарниот НФЛ играч, Том Брејди со кого синоќа во живо го проследија мечот меѓу Реал Мадрид и Барселона.

2023 година за Ѓоковиќ беше исклучително успешна, тој триумфираше на три од четирите грен-слем турнири, загуби единствено на Вимблдон.

Во женска конкуренција, за најдобра спортистка е прогласена шпанската фудбалерка Ајтана Бонмати која со својата репрезентација го освои Светското првенство и ја освои Златната топка за 2023 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ