петок, 18 октомври 2024

Ѓоковиќ е елиминиран од УС Опен: Го одиграв најлошиот тенис досега

Новак Ѓоковиќ изненадувачки загуби од австралијанецот Алексеј Попирин со 3-1 во сетови и доживеа елиминација на УС Опен.

Објавено на

часот

Сподели

По испаѓањето на Карлос Алкараз, се чинеше дека се зголемуваат шансите на Новак Ѓоковиќ да го освои УС Опен, но српскиот тенисер доживеа слична судбина како и Шпанецот.

Попирин го доби мечот со 6-4, 6-4, 2-6 и 6-4.

По крајот на дуелот Ѓоковиќ призна дека на овој турнир влегол физички и психички неспремен и тоа го чинело пораз.

„Го играв најлошиот тенис досега. Не можев да ја најдам мојата игра. После тоа злато дојдов тука, не бев доволно спремен физички и психички, ми снема гориво. Не се пронајдов себеси. Тоа е, животот продолжува“, рече Ѓоковиќ по мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ