сабота, 27 јули 2024

Ѓоковиќ без освоена титула во 2024 ќе игра на Ролан Гарос, Србинот изгуби во полуфиналето во Женева

Новак Ѓоковиќ потфрли на последните подготовки пред Ролан Гарос, Србинот денеска загуби од Томаш Махач во полуфиналето на Женева Опен со 2-1 во сетови (6-4, 0-6, 6-1).

Објавено на

часот

Сподели

За прв пат по 2007, Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Ролан Гарос без да освои титула во актуелната сезона.

Србинот се обиде на Женева Опен да се загрее со трофеј за вториот Гренд слем во годината, но попладнево беше изненаден од Томаш Махач во полуфиналето.

Популарниот Ноле, во првиот сет имаше предност од 1-4, но наместо да го реши рутински во своја корист, му дозволи на противникот да освои пет гема во серија и да го добие сетот со 6-4.

Рекетот број 1 потоа побара лекарска помош, и откако доби некакво апче, се врати на теренот и го збриша Томаш Махач со 0-6 во вториот сет.

Сепак, Новак Ѓоковиќ повторно се мачеше во третиот сет, доживеа голем пад во играта, па Чехот го доби сетот со 6-1 и се пласираше во финале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ